Бубашвабите и лебарките се мали инсекти коишто се препознатливи по нивната боја и по нивните рамни овални тела,бубшвабите знаат да бидат мрсни на допир, тоа е во зависност од температурата во која живеат.Тие имаат шест нозе кои им овозможуваат брзо да се движат во секое поле.

Постојат повеќе видови на бубашваби кај нас најраспространети се:
-германскита(лебарка)
-американската
-и ориенталната бубашваба

Германската бубашваба или позната меѓу народот како лебарка е со големина до 2 сантиметри.Нивната боја е кафеаво-црвена и може да варира до потемна варијанта на кафеава.

Како навлегуваат во домовите

Бубашвабите се мали инсекти кои бараат темни и тивки места,тие се развиваат во затворен простор и најчесто се движат преку електрични уреди,картони и кеси до нивните нови домови.

Најчести живеалишта на бубашвабите се:

-Кујната
-Електричните уреди
-Местата за отпадоци

Колкава е заканата на бубашвабите по нашето здравје?

Бубашвабите се инсекти кои сакаат темни и влажни места.Иако не секогаш се видливи и се движат по видливи места,тие разнесуваат разни бактерии во нашите домови и се причинители за разни болести.