Глодарите се цицачи, тие се претпознатливи по нивните заби(секачи) кои постојано растат на горната и долната вилица.

Има преку 2000 глодари но најпроблематични и најраспространети се глушецот и стаорецот.

Глушецот како глодар

Глушецот е доста распоространет во нашата околина,се карактеризира по неговата шпицаста муцка и опашка која што е најчесто во пропорционална должина со неговото тело.Глушецот е најактивен за време на ноќта и спаѓа во групата на сештојатци.

Како навлегуваат во нашите домаќинства

Глувците можат да се најдат во најразлични објекти, тие се способни да навлезат преку дупчиња со големина од 2 сантиметри, а вертикално можат да скокнат и препреки високи до 60-тина сантиметри.

Колкава и колку е сериозна посетата на глодарите

Глувците сами по себе се доста нечисти и со самото тоа носат и доста зарази коишто се штетни по нашето здравје. Можат да донесат многу зарази бидејќи грицкаат секаков вид на продукти. Со самото тоа што се сештојадци,тие можат да направат најразлична штета бидејќи се склони кон грицкање и на инсталациски елементи и можат да направат сериозна материјална штета.

Стаорци

10 интересни факти за стаорци кои треба да ги знаете
-Стаорците знаат да пливаат;
-Стаорците се почитувани во некои култури;
-Нивните опашки ги одржуваат ладни;
-Забите на стаорците никогаш не престануваат да растат;
-Постојат многу различни типови на стаорци;
-Некои стаорци стануваат прилично големи;
-Тие се социјални суштества;

Кои се најчестите живеалишта

Стаорците најчесто прават живеалишта на покривите од домаќинствата или во подрумските простории,тие имаат потреба од храна и поради таа причина се наоѓаат во близина на нашите живеалишта или внатре во нив.

Колкава е заканата по нашето здравје ?

Староците се доста заразни и доносители на разни болести и зарази од кој една од нив е црната чума,тие пренесуваат многу штетни бактерии а со нив можат да патуваат крволочни болви.